ДЕНЕС Е РОДЕНДЕН НА ТИТО, НЕКОГАШ СЕ ПРОСЛАВУВАШЕ КАКО ДЕН НА МЛАДОСТА

Во некогашната СФРЈ денешниот 25 мај беше голем празник. Се славеше Денот на младоста и роденденот на другарот Тито.Традиционално, штафетата на младоста со децении ја обиколуваше буквално секоја педа од Гевгелија до Триглав и секој 25 мај на стадионот на ЈНА во Белград на традиционален слет му се предаваше на тогашниот претседател На Југославија Јосип Броз Тито.Штафетата на младоста беше воведена во 1945 на предлог на младината од Крагуевац..Последен пат во 1988 на стадионот во Белград, 8 години по смртта на Тито, се одбележа Денот на младоста..Денеска споменот на некогашниот ден на младоста најчесто е повод за собирање на обожавателите на Јосип Броз Тито.

Пронајдете не на следниве мрежи: