Денес е Св. апостол Симон Зилот, еве која молитва треба да ја кажете

Според Јулијанскиот календар на МПЦ денес е 10 мај и се празнува Св. апостол Симон Зилот, еден од дванаесетте апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино, Господ претвори вода во вино. Кога го виде ова, младоженецот ги остави домот, родителите и невестата, па тргна по Христа. Зилот значи Ревнител.
Денес кажете ја оваа молитва: “Апостоле Свети Симоне, помоли му се на Милостивиот Бог, прошка на нашите души да им дари“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.