Денес и утре во посета доаѓа и германскиот министер за надворешни работи

На покана на министерот за надворешни работи на Р. Македонија, Никола Димитров, во посета на земјава денес и утре доаѓа министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас.
По средбата која Мас ја имаше со нашиот министер Димитров во јуни во Берлин, ова е дополнителна поддршка која Германија ни ја дава во остварување на нашата стратешка цел – влез во ЕУ и НАТО, соопштуваат од МНР.На возвратната посета на Македонија министрите Димитров и Мас се очекува да разговараат за внатрешно-политичките состојби во земјава, реформската агенда за влез во ЕУ и НАТО, регионалната соработка и за активностите околу успешна реализација на Референдумот на 30 септември.   

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.