четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денес облачно со дожд попладне

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Македонија времето денес ќе биде променливо облачно, попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови на земјава ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во источните делови засилен јужен и југоисточен ветер.
Максималната температура во Скопје ќе достигне до 23 степен, Маврово 13, Охрид 19, Битола 21, Кавадарци 24, Крива Паланка 20, Берово 19, Дојран 25 степени Целзиусови.
И утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе се движат од 12 во Маврово, 20 во Скопје и 22 степени во Дојран.

Поврзани вести