Денес пеколни горештини, од среда огромна промена на времето

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната температура од 28 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. УВ=9
Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 34 степени.


До вторник ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Во понеделник и вторник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Во среда ќе биде нестабилно на повеќе места и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе допринесе да има опаѓање на температурата од 7 до 9 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.