Денес почина скулпторот Боро Митриќески

Како што е наведено во соопштението од Македонската академија на науките и уметностите Митриќески припаѓа на третата генерација на македонските ликовни уметници, што внесе радикални промени во македонското пластично творештво, доближувајќи го него до најзначајните актуелни токови на современото европско и американско скулпторство, при што неговата улога е апсолутно доминантна, во неговите остварени портрети, монументални скулптури и композиции што претставуваат трајна вредност во македонската скулптура во изминатите шест децении.
Академик Боро Митриќески, еден од великаните на македонското вајарство е добитник на повеќе награди и признанија, меѓу кои и државана награда ,,11 Октомври’’ и наградата „Нерешки мајстори“. За редовен член на МАНУ е избран на 26 јули 1997 година.
По повод смртта на академик Боро Митриќески, во Свечената сала на МАНУ на 26 ноември 2018 година (понеделник) во 10 часот ќе се одржи Комеморативна седница. Неговите посмртни останки ќе бидат изложени во Капелата на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје од 12:30 до 13 часот, а погребот ќе се изврши во 13 часот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.