Денес пред Дрисла протест против загадувањето

Откако неколку дена преку медиумите и социјалните мрежи беше споделувана снимка на која се гледа густ црн чад кој излегува од оџакот на печката за согорување на медицински отпад што се наоѓа во рамките на депонијата Дрисла, во близина на скопското село Батинци еколошките активсти се одлучија за предупредувачки протест.
Тој ќе се одржи денес од 12:05 до 12:20 часот со блокирање на пристапниот пат кон скопската депонија Дрисла. Еколошки активисти собрани околу иницијативата „Здружени за чист воздух“ информираат дека блокадата, што ќе се одвива под мотото „15 минути за чист воздух“ е предупредувачки протест. Целта е да се сврти вниманието на надлежните кон проблемот со енормното загадување на поширокото подрачје на Скопје, како и на сомневањата дека на депонијата Дрисла незаконски и на нееколошки начин се согорува отпад што влијае на зголемување на штетни емисии во воздухот. По овој предупредувачки ќе се организира и друг, помасовен протест.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.