Денес сончево време со умерена облачност, од утре дожд

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која во текот на денот ќе се зголемува. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Утринската температура ќе се движи од минус 8 до нула, а дневната од 10 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне со појава на слаба магла, во текот на денот сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 10 степени.
Во недела ќе биде значително облачно и ќе има локални врнежи од дожд, особено попладне. Под влијание на продор на студена воздушна маса во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали. Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и студено време, од среда со повремени локални врнежи, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.