Денес сончево, од утре променливо

Во Македонија времето ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 5 до 8, а дневната од 14 до 26 степени Целзиусови.
И во Скопје слично време, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
Од сабота попладне до понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На места се очекува околу 30 литри дожд на м2, проследен со грмежи, ветер и услови за појава на град. Во вторник заради спуштање на постудена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.