Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо.
Од денес па сè до 17 мај, Виноскоп ја отвора својата петдневна пролетна приказна – со вино, музика, гастрономски содржини и атмосфера создадена за сите генерации.
Јубилејното издание носи внимателно креиран музички концепт, богата винска понуда, гастрономски содржини и атмосфера која секој ден ќе има свој посебен ритам. Виноскоп одамна не е само фестивал на виното – тој е место на средби, наздравувања, спомени и градска енергија што го собира Скопје на едно место.
Фестивалската програма започнува вечерва со настапите на Александар Јорданов, Happy End Band и Либеро Бенд. Во четврток, 14 мај, публиката ќе ја забавуваат DJ Марио, Виа Скопје и Куку Леле, додека петок, 15 мај, е резервиран за DJ Карлито, Здравев Music, Огнен и Пауза за ракија.
Саботата носи целодневна фестивалска динамика – програмата започнува од 12:00 часот со DJ Resident, продолжува со Hat and Harmony, DJ Bella и Мијата, а вечерта ќе ја заокружат Оркестар Дива, Ивана Карајан, Филип Карајановски и Пасио бенд. Последниот фестивалски ден, недела, 17 мај, е замислен како опуштено дневно дружење од 12:00 до 18:00 часот, со DJ Oky Doky, DJ Chvare и DJ Strajk.
Со своето 15-то издание, Виноскоп ја слави приказната што ја гради повеќе од една деценија – приказна за виното како култура, музиката како заеднички јазик и градот како сцена на убави средби.
Од денес до 17 мај, Градски парк ќе биде адресата на добриот вкус, добрата музика и најубавото пролетно наздравување во Скопје. објавува Журнал.мк
The post Денес стартува Виноскоп 15: Градски парк пет дена ќе живее во знакот на виното и музиката објавува Журнал.мк appeared first on Во Центар.



