Денес студено време, стабилизирање од четврток

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе има повремен снег, а во југоисточните делови дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната од 2 до 9 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Повремено ќе има услови за провејување снег. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени
Според најавата на УХМР, во следните два дена ќе има повремени локални врнежи, претежно од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер, кој локално ќе достигнува брзина над 60 километри на час.
Од четврток ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури, додека утринските до крајот на работната недела насекаде ќе бидат под нула.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.