Денес ужива во луксуз, но некогаш живеела пеколно: Сораја била оставена во дом за напуштени деца

Сораја Вучелиќ е една од најпопуларните старлети во регионот, која троши милиони на гардероба и брзи автомобили. Нејзината слава дојде со огромна брзина, а исто така и нејзиното богатство.
Иако сега ужива во раскошот и луксузот, не беше секогаш така.

Родена е во Книн во 1986 година. Нејзината мајка Анка била исфрлена од дома од родителите кога дознале дека е бремена бидејќи не се согласувале со нејзиниот избор.

Таткото на Сораја не бил со нив две, па Анка и малата Сораја се вратиле во Црна Гора во Бар. Бидејќи немала со што да ја издржува, ја дала на згрижувачко семејство кое живеело во Војводина.
Поради оддалеченоста, средбите меѓу мајката и ќерката не биле можни, па Анка по неколку месеци ја сместила Сораја во домот за напуштени деца „Младост“, пишуваа тогаш медиумите.

Кога семејството и простило на Анка, таа и Сораја се преселиле кај браќата на Анка. За жал, Анка се разболела и починала кога Сораја имала само 17 години.
Сораја извесен период живеела со својот татко, но штом го завршила средното образование се преселила во Белград и живеела сама.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.