Денес e Свети Наум Охридски Чудотворец

Свети Наум Охридски Чудотворец (са. 830 – 23 декември 910) – средновековен словенски научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската писменост и македонската писменост и просвета.
Св. Наум потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанствотосе откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на светите Кирил и Методиј. Со нив, тој учествувал во Моравската мисија, а го ширел христијанството и во Панонија, Девол, Илирик и други краишта. По завршувањето на Моравската мисија, тој заминал во Првото бугарско царство, каде го поминал остатокот од својот живот. Првично живеел во престолнината Велики Преслав, каде се приклучил во работата на Преславската книжевна школа. Подоцна Наум заминал во Охрид, каде му се приклучил на св. Климент во работата на Охридската книжевна школа, во времето кога Климент станал епископ. Потоа тој основал манастир на Охридско Езеро, денешниот Свети Наум, каде ги поминал последните 10 години од животот.
Мирно се успокоил во Господа, како монах, во 910 година. Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни, па затоа кај нас особено лекарите-психијатри го имаат за свој заштитник.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.