ДЕНОТ КОГА СВЕТОТ ПЛАЧЕШЕ: 26 години од смртта на принцезата Дијана

Британската принцеза Дијана, поранешната сопруга на британскиот престолонаследник принцот Чарлс, загина на 31 август 1997 година, во сообраќајна несреќа во тунелот Понт де ал Алма во Париз.

Со неа беа и Доди Ал-Фајед и менаџерот за безбедност на хотелот Риц-Париз, Анри Пол, кој возел изнајмен „мерцедес-бенц“. По нив возеле папараци кога нивниот автомобил удрил во столб во тунелот. Ниту еден од четворицата патници во автомобилот не носел појас.

Принцезата Дијана во тоа време беше најпопуларната жена во светот, а нејзините приватни фотографии вредеа милиони. Затоа папараците не сакаа да ја остават на мир дури и кога лежела мртва во болницата во Париз, тврди нејзиниот личен возач Колин Тебут, кој пред три години првпат проговори за трауматските настани во Париз.
Тестовите покажале дека Хенри Пол бил под дејство на алкохол додека возел и имал три пати повеќе алкохол во крвта од дозволеното. За да ги избегне папараците возел со голема брзина. Таа ноќ Дијана починала од добиените повреди во сообраќајна несреќа.

ДЕНОТ КОГА СВЕТОТ ПЛАЧЕШЕ: 26 години од смртта на принцезата Дијана
Раде Штекли објави фотографија по експлозијата на бомба
Раде Трајковски-Штекли објави нова фотографија на социјалната мрежа „Инстаграм“. Ова доаѓа откако …
Тешко повреден пешак во Куманово
На 13.11.2024 во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на …

Многумина сè уште веруваат дека била убиена. Една од теоорите е дека непосредно пред нејзината трагична смрт Дајана му напишала писмо на својот батлер Пол Бурел дека ќе биде убиена во сообраќајка.
Таа пред несреќата неофицијално го промовирала Пол од батлер во нејзин доверник и пријател. Бурел во својата книга, Royal Duty, пишува дека Дијана му рекла дека ќе го напише ова писмо, наведувајќи: „Ќе му ставам датум и сакам да го задржиш. За секој случај“.

Таа го ставила писмото во плик. Пол го чувал пликот, во кое стоело името на човекот кој планирал да ја убие. „Мирор“ објави дел од писмото, но, плашејќи се од тужби, името на убиецот не било објавено во јавноста.
„Седам на моето биро, копнеејќи некој да ме прегрне и да ме охрабри да бидам силна и да ја држам главата високо. Оваа посебна фаза од мојот живот е најопасна“, напишала Дијана во писмото. Таа објаснила во писмото дека некој планира да ѝ ги расипе сопирачките на автомобилот.

Објаснила дека некој планира да го расчисти патот за нејзинот брак со Чарлс. Според некои теории, принцезата била убиена од непријатели на семејството Фајед.
Името на Мохамед ал-Фајед постојано се поврзува со теории на сомнителни зделки, поткуп на членовите на парламентот, па дури и трговија со оружје. Многумина веруваат дека главна цел на несреќата била Доди. А, присуството на принцезата било совршен начин да се сврти вниманието од вистинскиот мотив.

Една од теориите е дека Дијана била бремена и дека таа носела дете на Доди. Потенцијалниот брак со него би бил непријатен за многу луѓе, особено за кралското семејство.
Ваквата теорија ја изнел Крис Лафајет, поранешен вработен во списанието „Пари мач“, кој исто така напишал книга за Дијана. Книгата излезе на десетгодишнината од смртта на принцезата, а во неа Лафајет објаснува колку луѓе би биле погодени од можната бременост на Дајана.

Некои сметаат дека Доди веќе бил тајно верен со Дијана. Некои, пак, тврдат дека Дајана била бремена од нејзиниот поранешен љубовник, кардиохирургот од пакистан Хаснат Кан.
Француски новинар цитирал таен документ од архивата на една париска болница, кој бил доказ дека во моментот на нејзината смрт принцезата била бремена десет недели. Во тие моменти, Дијана со Доди била само еден месец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.