недела, 29 ноември 2026
Најново

Ден на жалост во Охрид: Семејството и пријателите ќе се простат од градоначалникот – погребот ќе биде утре

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Советот на Општина Охрид денеска ќе одржи вонредна седница на која ќе биде изгласана одлука утре да биде прогласен за ден на жалост во Охрид.
Комеморативна седница по повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски ќе биде одржана утре со почеток во 10 часот.
Посмртните останки на охридскиот градоначалник ќе бидат изложени утре во Градската капела во 12 часот, а погребот е закажан од 14 часот на Градските гробишта во Охрид.


Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски вчера бил во својот кабинет, каде одржувал работен колегиум, по што доживеал здравствени проблеми и бил пренесен во Општата болница. Од Интерно одделение на болницата бил транспортиран во Кардиолошки завод, а починал во време на транспортот.
Стојаноски беше професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а градоначалничката функција ја вршеше од 20 октомври минатата година, по победата во првиот круг од Локалните избори.
Стојаноски, роден на 7 август 1970 година во Охрид, беше оженат и татко на две деца.

Поврзани вести