Депортиран имамот Елведин Пезиќ поради ширење на вахабистичка идеологија – Лани имал настан во Струга

Исламскиот проповедник Елведин Пезиќ од Босна и Херцеговина вчера е депортиран од Косово. Тој бил приведен пред промоција на книга во близина на Пеќ. Официјалните причини за депортирањето не се откриваат, но според косовските закони, странски државјанин може да биде депортиран од земјата доколку претставува ризик за јавниот ред, државната безбедност или јавното здравје. Лани во август Пезиќ држел молитва во струшкото село Октиси а имал јавен настан во Струга. Следен од 500.000 луѓе, имамот е муслимански инфлуенсер на социјалните мрежи кој има и учење „како да се тепаат жените и да им се ограничи движењето“. Истражувачките новинари на Детектор за ова имаат опширна анализа на следниот линк.

Пронајдете не на следниве мрежи: