Дерковски го чека тој со пиштолот (ВИДЕО)

На трибината на Пендаровски во Гостивар, граѓанин се закани дека вооружен ќе влезе во Државната изборна комисија заради тоа што, според него, го избришале од избирачкиот список.
– Како може ДИК да избрише живи луѓе? Триесет години гласам, ме избришале мене, не можам поддршка да ви дадам. И не само јас, има многу гостиварци избришани. Ве молам да се преземе мерка, се обрати револтираниот граѓанин до Пендаровски.
Откако Пендаровски му објасни дека треба да отиде во ДИК, граѓанинот се закани дека ќе отиде со пиштол.
-Ќе им појдам со пиштол, рече тој.


Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски утрово на својот Фејсбук профил се пошегува на предупредувањето од граѓанин кој на митингот на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски рече дека со пиштол ќе им појде во ДИК, затоа што го избришале од избирачкиот список и не може да гласа.
– Добро утро од ДИК (го чекаме овај со пиштолот на кој што му беше речено да дојди) што би рекле комшиите: шта речи, а не заплакати!, напиша Дерковски.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.