Комбинацијата од чоколадо и колачи е омилен десерт за многумина, но овој десерт често е многу тежок, заситен и полн со шеќер и празни калории. Доколку сакате да пробате експресна „лесна“ верзија на популарниот десерт, направете диетална чоколадна торта.
Состојки:
1 група состојки
3/4 чаша брашно
1 чаша шеќер (по можност кафеав или кокосов)
2 полни лажици какао во прав (горчливо)
1 лажичка сол
1 лажичка прашок за пециво
3/4 лажичка сода бикарбона
2 група состојки
1 големо јајце
1/2 чаша млеко
2 лажици масло
1 лажичка екстракт од ванила
1/2 чаша вода
Подготовка:
1.Земете една шолја со големина што ја сакате и нека ви биде мерка за сите состојки освен оние измерени во лажици. Во сад за матење ставете ја првата група состојки (брашно, шеќер, какао, сол, прашок за пециво и сода бикарбона).
2.Во посебен сад измешајте ги состојките од втората група, додадете ги во првата и сè убаво измешајте додека не добиете еднолична и мазна смеса.
3.Загрејте половина чаша вода и кога ќе зоврие додадете ја во смесата и сè убаво измешајте.
4.Загрејте ја рерната на 180 степени, истурете ја смесата во калап и печете околу 30 до 40 минути,
Исечете ја тортата на 12 парчиња кога ќе се излади и послужете. Секое парче има околу 200 калории за полесно да го контролирате внесот на калории.