Мирисот на домашните колачиња секогаш нѐ потсетува на кујната на нашата баба, кога во лимена кутија секогаш нѐ чекаа вкусни колачиња.
Направете прекрасно тесто за колачињата линцер исполнето со џем и израдувајте ги вашите најмили. Овој специјалитет најмногу се подготвува на зима, околу Нова година и Божик. Не само што се вкусни, туку и прекрасно изгледаат, па ќе ја украса секоја маса, а се достојна замена за ванилиците. Познатиот бисквит го добил името по австрискиот град Линц и тортата линцер, која се прави од кратко тесто со путер и џем.
Потребни состојки:
150 гр путер
75 гр шеќер во прав
250 гр брашно
1 жолчка од јајце
100 гр џем по желба
Подготовка:
Путерот чуван на собна температура соединете го со шеќер во прав. Потоа додадете ја жолчката, измешајте, па истурете го просеаното брашно. Замесете тесто, па ставете го на плех и покријте го со хартија за печење, па расукајте го до дебелина од 4-5 милиметри. Ставете го во замрзнувач 15 минути, а потоа извадете ја хартијата за печење и со чаша направете кружни форми. Всушност, формите можат да бидат и по желба. Половина од бисквитите оставете ги цели, а на половината направете им мала дупка на средината (или некоја друга форма). Наредете ги во плех покриен со хартија за печење и печете ги на 180°C околу 12-15 минути. Истурете го џемот во кеса за замрзнување и исечете дупка. Сипајте го врз целите бисквити во средината, а потоа преклопете ги со бисквитите со дупка. Дупката мора да биде таму каде што е џемот, за да може да се види. На крајот можете и да ги украсите со шеќер во прав.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.