Десерт на денот: Тирамису со јагоди

Потребни состојки за фил:
-500 мл млеко
-120 г шеќер
-5 жолчки
-40 г густин
-2 ванилин шеќер
-250 г крем сирење
-500 мл слатка павлака


И уште:
-300 г пишкоти
-200 мл млеко
-600 г јагоди
Начин на подготовка:
Ставете 500 мл млеко да се свари. Во посебен сад измешајте ги жолчките, ванилин шеќерот и густинот. Мешајте додека не добиете еднолична смеса.
Кога ќе зоврие млекото одвојте 200 мл и ставете во смесата со жолчките. Смесата со жолчките и млекото додадете ја во преостанатото млеко и варете околу 3 минути додека смесата малку не се згусне. Прекријте го филот со пластична фолија и чекајте да се олади.
Изматете 500 мл слатка павлака. Во оладениот крем постепено додадете ги сирењето и изматената слатка павлака. Пишкотите кратко потопете ги во млекото и редете ги во сад. Над пишкотите ставете го филот, а потоа јагодите, па на јагодите повторно филот. Повторете ја постапката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.