Десерт во кој ќе ужива целото семејство.
Состојки:
За кора
21 лажица шеќер
7 белки
За фил
7 жолтки
200 гр. шеќер
2 кесички пудинг од ванила
½ л млеко
200 гр. путер
100 гр. мелени бадеми
За декорација
400 гр. смрзнати малини
Бадеми
1 кесичка шлаг за торта
Начин на подготовка:
Изматете ги белките и постепено додавајте шеќер.
Истурете ја смесата на тава обложена со хартија за печење и печете на 120 степени околу 15-20 минути. Изладената кора исечете ја на три дела.
Изматете шеќер и жолтки, додајте пудинг и млеко и гответе додека да се згусне смесата. Оставете да се излади.
Изматете го путерот и додајте ги (со непрекинато матење) смесата со пудинг и мелените бадеми. Одмрзнете и исцедете ги малините.
Ставете кора, па фил и малку малини и повторувајте ја постапката. На крајот, одозгора наредете малини и декорирајте со шлаг.