Десетици илјади Бугари протестираат против корупцијата и сиромаштијата

Неколку десетици илјади луѓе протестираа во неделата во десетина градови низ Бугарија, против корупцијата и сиромаштијата, барајќи претставници на граѓаните да ги преземат функциите од политичките елити.Во Софија, според процените на медиуми, излегле на протестот повеќе од седум илјади луѓе кои носеа транспаренти со пароли како „Мафијашите во затворите“, и „Ги има многу, богати се и дрски, но нема долго да траат“.Во Варна протестираа околу 20 илјади луѓе кои бараа оставка од градоначалникот Кирил Јорданов за кој тврдат дека е послушник на група бизнисмени којашто владее со градот и која ги уништила малите и средни претпријатија, пренесе државната телевизија БНТ.Протестите коишто се совпаднаа со бугарскиот национален празник 3-ти Март, се одржани и во вториот според големината бугарски град Пловдив, како и во Благоевград и Русе.Свечената прослава на државниот празник во неделата во Софија во присуство на претседателот Росен Плевнелиев, го одбележа отсутноста на граѓаните на централниот плоштад кој беше блокиран од бројни припадници на специјалните сили.Владата на премиерот Бојко Борисов поднесе оставка во втората половина на февруари, по големите протести против мерките за штедење и високите цени на електричната енергија.Претседателот Плевниелиев следните десет дена треба да го распушти парламентот пред одржувањето на предвремените парламентарни избори на 12-ти мај.Демонстрантите коишто протестираат секојдневно последните три седмици, стравуваат дека нема да имаат време да организираат за учествуваат на изборите на кои имаат намера да им се спротивстават на политичките елити од традиционалните партии.
МакфаксНеколку десетици илјади луѓе протестираа во неделата во десетина градови низ Бугарија, против корупцијата и сиро

Пронајдете не на следниве мрежи: