Десет до дваесет лица и денеска блокираа крстосници на протестите на Мицкоски

Втор ден од блокадите на ВМРО-ДПМНЕ на главните крстосници во десет градови ширум земјава, но и втор ден од неуспехот да се оствари идејата на партијата за масовни протести за „одбрана на Македонија“. На денешните протести можеа да се забележат само десетина членови и приврзаници на партијата, кои се решија да го поддржат повикот на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

-Денеска повторно блокираме! Излези за Македонија!, гласеше статусот на Мицкоски на социјалните мрежи, во обид да мобилизира што повеќе симпатизери, но очигледно одново не наиде на слух кај пошироката јавност.

Тој вчера напиша дека е на улица за да се крене гласот и да добие одговор на прашањето дали се преговара за македонскиот идентитет, но сепак масовноста на улиците и денеска изостана Слабиот интерес, беше регистриран безмалку на сите блокирани крстосници, каде имаше повеќе автомобили отколку граѓани.

Освен во Скопје, посетеноста беше ниска и во други поголеми градови од внатрешноста, како во Битола и Штип, каде едвај дваесет лица излегоа да протестираат.

Последниов период, ова не се единствените протести поддржани од опозицијата кои доживуваат дебакл. Веројатно поради малата заинтересираност веќе не се најавуваат ниту протестите на дел од родителите кои не се согласни со реформата за дигитализација во образованието.

Извор: 24инфо

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.