ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊЕТО НА САЛИУ! Го уапсиле додека снимал и извршувал работна задача

Денес попладне по фудбалскиот натпревар ФК БВК Коњаре – ФК Куманово беше уапсен новинарот Фуркан Салиу, наводно поради напад на службено лице од МВР.

Како што дознава Инфомакс, на фудбалскиот стадион имало инцидент, по што новинарот кој во себе имал новинарска легитимација, го извадил телефонот за да го сними инцидентот којшто се случувал.

Припадниците на МВР, во тој момент, наместо да спречат инцидент и да ги приведат лицата кои го предизвикале истиот, го привеле новинарот Салиу.

Дополнително, претресот на неговото возило е извршен противзаконски, без балог од јавен обвинител и без присуство на сопственикот на возилото, во случајов Салиу, за што одговорност ќе треба да понесат полициските службеници.

Како што соопшти и МВР, во возилото е пронајден пиштол, за кој Фуркан Салиу има комплетна документација и дозвола за поседување и носење на оружјето.

Повеќе детали очекувајте во живо на Инфомакс!

Пронајдете не на следниве мрежи: