Детали за ужасот во Загреб: Татко-монструм со голи раце си ги задавил своите три деца

Три деца, близнаци (момче и девојче) на седумгодишна возраст и син на возраст од четири години синоќа ги задавил со голи раце нивниот татко во луксузниот стан во кој живееле во загребската населба Млиново, по што пукал во себе.
Сепак, како што известуваат хрватските медиуми, тој преживеал и бил однесен во болница, а телата на трите деца, од кои најмалото четиригодишно дете кое било пронајдено во спалната соба, како и близнаците во дневната соба, ги шокирале сите полициските службеници кои биле на местото на ова невидено злосторство.
Не е познато кој пријавил во полиција дека нешто се случило во станот на трикатната урбана вила со поткровје, но полицијата и брзата помош брзо пристигнале на местото на настанот. Во спалната соба, на креветот го пронашле мртвото тело на четиригодишното дете,а близнаците, момче и девоче, во дневната соба, во која се наоѓале и нивните играчки со кои си играле претходната вечер.
Како што неофицијално дознава Јутарњи. хр родителите на децата се развеле и децата најверојатно викендот требало да го поминат со својот татко, кој ги задавил со свои раце, а по тој луд чин очигледно посегнал по оружје и се обидел да пресуди сам. Засега не е познато во каква состојба е таткото.
Полицијата спроведува истрага, а утрово телата на трите деца се пренесени во Институтот за судска медицина и криминологија, каде што обдукцијата ќе ја утврди причината за смртта.
Јутарњи пишува дека таткото на децата е искусен финансиски консултант кој дипломирал на Donau-Universität Krems и магистрирал бизнис администрација. Работел во некои водечки австриски лизинг компании, но и на менаџерски позиции во Роберт Бош АГ, Алкател АГ и други.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.