Двојно убиство и самоубиство вчера се случи во Куманово.
Од полицијата потврдуваат дека усмртени се две жени, мајка и ќерка, а убиецот самиот си пресудил.
-Околу 14.25ч. постапувајќи по добиена пријава, во стан во Куманово полициски службеници ги пронашле починати Е.А.Ј. (40) од Куманово и нејзината мајка П.Н., кои претходно со нож ги убил Д.Ј. (46) од Куманово (сопруг на Е.А.Ј.) Потоа Д.Ј. си нанел повреди и себеси и скокнал од прозорецот. Д.Ј. бил пренесен во болницата во Куманово, каде починал, информираат од МВР.
Во истиот стан каде се случила трагедија бил и 8-годишниот син на таткото-убиец и мајката-жртва.
-Детето, според сознанија на истрагата, било заклучено во една соба, додека таткото се расправал и и викал на сопругата и на нејзината мајка (баба на детето). 8-годишното дете викало на помош, а соседите кога слушнале повикале полиција за семејно насилство. 46-годишниот сопруг со нож ја избодел сопругата, а потоа и нејзината мајка која била во станот на улица Лесковачка во Куманово, пренесува ТВ Телма.
Според една верзија која на полицајците им ја кажале соседите, злосторот се случил ноќеска околу 2 часот, а таткото-убиец претходно го заклучил детето во соба. Денеска пак се фрлил од прозорец по што реагирала полицијата која била повикана поради криковите на 8-годишното дете.
-Според друга верзија пак, кога полицајците стигнале и кога убиецот ги видел во станот, се приближил до прозорецот и се фрлил од 6-тиот кат на зградата во која се случило двојното убиство. Осомничениот е префрлен во кумановската болница, но не преживеал. Полицајците при интервенција го згрижила 8-годишното дете кое за миг остана без родителите и бабата. Тоа не е повредено