Детална временска за Велигден: Каква ноќ не чека во сабота кога сите одиме во црква

По повод Христовото воскресение следува метео прогноза за утрешниот ден Велика сабота како и за ноќта Велика сабота кон недела односно за време на Христовото воскресение: Како што најавивме во текот на утрешниот ден се наголеми условите за локална појава на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град, на повеќе места пак ќе биде нестабилно и тоа особено попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Вечерта пак околу полноќ кон недела одоносно за време на Христовото воскресение кога сите ќе бидеме во црквите и манастирите атмосферата постепено ќе се стабилизира иако само уште на исток вечерта има услови за локална нестабилност, сепак околу полноќ во најголем дел од државава атмосферата ќе биде стабилизирана.
Во случај на појава на електрични празнења во текот на утрешниот ден граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја додека пак овчарите своите овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.
Со оглед дека сеуште трае транспортот на прашина и на песок и тоа особено утре кога очекуваме на повеќе места врнежи истите ќе бидат помешани со прашина и со месок, односно дождот ќе биде нечист. Конечно оваа сахарска прашина и песок ќе замине од нашите краишта веќе од недела.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.