Детроит најбедниот град во САД, според Forbes

Насилните злосторства, високата невработеност, сé помалото население и финансиската криза го прават Детроит најбедниот град во САД, објави магазинот Forbes.

 Така Детроит во новото рангирање го надмина Мајами кој оваа „титула” ја имаше минатата година. Зад Детроит е градот Флинт, а и двата се наоѓаат во сојузната држава Мичиген, а потоа доаѓа Рокфорд и Чикаго во државата Илиноис и Модесто во Калифорнија, на листата од првите пет најлошо урбани области во САД во 2013 година.
„Проблемите на Детроит не се никаква новина. Станува збор за четириесетгодишно пропаѓање коешто оди заедно со американската автомобилска индустрија”, пишува Forbes.
Овој град кој центарот на автомобилската индустрија е на работ на банкрот и може финансиски да го преземе сојузната држава Мичиген.
Стапката насилни злосторства во Детроит е највисоката во САД со1.052 на 100 илјади лица, според податоците американското федерално истражно биро FBI.
Градот Флинт, со кој управува кризен менаџер кого го постави гувернерот на сојузната држава пред повеќе од една година, соочен е со слични проблеми и има меѓу највисоките стапки на криминал во САД, а невработеноста е на ниво од 11,3 отсто.
Магазинот Forbes ги истражувач 200-те најголеми центри во САД, а потоа го составил списокот од 20 најлошите рангирајќи ги според низа фактори меѓу кои во стапките на криминал, извршувањата по налози, даноците, цените на станбениот простор, времето минато во сообраќајот, временските услови и намалувањето на населението,
Мегалополисот Чикаго стаса на четвртото место поради насилните злосторства, високите стапки на извршувањата и опаѓањето на цената на становите, како и високите животни трошоци.
Њујорк стаса на 10-то место, исто така, најмногу поради големите животни трошоци. Овој град има една од најголемите стапки на даноци на приход и со 36 минути најдолго просечно време патување од домот до работното место.
Вбројувањето на Чикаго и Њујорк на листата на најбедните градови би можело да изненади, забележува Forbes, бидејќи двата града нудат многу можности за живот и работа, светско ниво на култура, водечки универзитети, скапи и познати спортски екипи и луксузни ресторани. „Меѓутоа ни во еден од нив не е лесно да се живее, особено доколку не заработувате многу пари, па дури и ако и заработувате може да биде тешко”, пишува Forbes.
Минатогодишниот најбеден град Мајами испадна од листата од 20 најбедни градови, делумно и поради приливот на население.
Макфакс
Насилните злосторства, високата невработеност, сé помалото население и финансиската криза го прават Детроит нај

Пронајдете не на следниве мрежи: