Слатко задоволство кое децата ќе го обожуваат…
Состојки:
- чоколадо;
- овошје или дури и предмет во форма на јајце;
- 150 гр. крем сирење;
- 1 лажичка екстракт од ванила;
- 50 гр. шеќер во прав;
- 2 супени лажици сок од лимон;
- 1 лажица желатин;
- 50 мл. вода;
- 150 мл. слатка павлака;
- 2 лажици џем по желба;
- овошје за декорација.
Подготовка:
Растопете го чоколадото, а овошјето или предметот завиткајте го во проѕирна фолија и потопете го до половина во растопеното чоколадо. Оставете го чоколадото да се стврдне.
Кога чоколадото ќе се стврдне, исечете ја фолијата и извадете го овошјето или предметот од чоколадната основа.
Желатинот измешајте го со вода и оставете го да набабри. Во сад измешајте крем сирење, ванила, шеќер во прав и сок од лимон. Сè соединете со миксер, па додајте желатин и слатката павлака.
Изматете и истурете во чоколадното јајце. Смесата израмнете ја и ставете ја во фрижидер да се стегне, па со лажица направете мала дупка на средината од филот, прелијте со џем и украсете со овошје.
Уживајте!
Пронајдете не на следниве мрежи:


