четврток, 12 ноември 2026
Најново

Дејан Георгиевски освои сребро на меѓународен таеквондо турнир во Турција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонскиот најдобар спортист Дејан Георгиевски брилијантно ја започна новата сезона со освојување на сребрен медал на еден од најсилните турнири во светот, Турција Опен Г2.

Нашиот таеквондист обезбеди значителни поени за олимписка норма со три фуриозни победи над ререзентативци на Турција, Узбекистан и полуфинале против еден од најдобрите таеквондости во светот Хамидреза Бадријалијабади репрезентативец на Азербејџан.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во финалето Георгиевски претрпе тесен пораз од репрезентативецот на Узбекистан Мавловов Марат со 2:1.

Турција ОПЕН Г2 годинава се одржува во Анталија, присутна е цела олимписка таеквондо елита. Традиционално овој турнир значи за еден од најсилните во светот.

Свој настап кај сениорите имаше и Филип Блажевски од ТКД Бутел, кој започна со победа над домаќин од Турција, но загуби во второто коло.

За жал, како што информираат од Македонската Таеквондо Федерација, Милијана Релиќ не успееа да ја помине вагата, па и посакуваат успех понатака.

Нашите репрезентативци на Турција Опен беа предводени од помошник селекторот Стефан Костовски.

Поврзани вести