Дејан Миличевиќ имаше мозочен удар

Познатиот српски режисер Дејан Миличевиќ имал мозочен удар. За среќа, тој е добро и се наоѓа во белградска болница.
Тој оваа информација ја сподели со своите фанови на „Инстаграм“ каде и објави фотографија со коментар кој гласи:
-Фала му на Господ добро е. Ќе го преживеам ова и ќе бидам уште појјак. Вчерашниот ден беше кобен за многумина. Му благодарам на тимот за мозочни удари во болницата „Свети Сава“ за брзата интервенција и деталната анализа и посветеност. Им благодарам на докторите, на моите сестри и брат ми кои престојот тука ми го прават сјаен. (За оној кој го пратил овој енергетски удар на мене, следи бумеранг).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.