Аргентинската ѕвезда Пауло Дибала, кој летоска дојде во Рома направи неверојатен потег и се откажа од својот златен медал освоен на Мундијалот во Катар, па наместо во својот мини-музеј дома го донираше највредното нешто во фудбалот во – музејот на „волчицата“
Дибала играше само 17 минути на СП во Катар, каде дојде до повреда која ја влечеше уште од крајот на првата етапа во Калчото, но успеа да се рехабилитира за да влезе во составот на Лионел Скалони, а на крај беше еден од четворицата стрелци на гол од пенал во рулетот во финалето против Франција за првата светска титула на „гаучосите“ по 36 години.
Дибала го донира медалот во клупскиот музеј во клубот каде го дочекаа како Бог, па после трансферот како слободен играч на промоцијата во центарот на Рим дојдоа безмалку 50.000 навивачи на римјаните.