четврток, 12 ноември 2026
Најново

Дива мачка забележана во пештерата Свинска стрна на Галичица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со редовниот мониторинг на пештерите во Националниот парк Галичица, забележана е дива мачка во пештерата Свинска стрна, која што ја корисистела како привремено живеалиште.

Животното било уловено од камерата поставена над пештерата. Редовниот мониторинг во пештерите и надвор од нив е одлична алатка за проучување на пештерските екосистеми во заштитеното подрачје, велат од Црвениот крст Охрид.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Дивата мачка претставува загрозен вид. На главата има кратка муцка и кратки уши. Има тело кое е покрено со густо сиво-кафеаво крзно, со напречни темни шарки и една темна по должината на грбот. На кратката дебела опашка има црни прстени и црн врв. На предните нозе има пет прсти, а на задните четири. Живее во шуми со шумски чистини. Има одлично развиен слух, вид и допир, а послабо развиен мирис. Дивата мачка е месојад кој лови зајаци, птици, глувци. Лови приквечер или во зори. Добро трча и се качува по дрвја. Мажјакот е поголем од женката. Неговото тело е долго до 90 cm и е тежок до 15 кг. Женката при крајот на пролетта окотува до 4 младенчиња во засолниште меѓу камења или во шупливо стебло, ретко во грмушки. Обично живее 10-12 години“ наведуваат од Црвениот крст.

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а го спроведуваат Црвен крст Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје во соработка со Јавната установа Национален парк Галичица.

Поврзани вести