Невидена трагедија се случи во кинеската провинција Шанкси кога постара жена беше нападната и убиена од дива свиња во нејзиниот дом.Како што пренесува „Chinadaily“, страшната трагедија се случила во неделата наутро во градот Анканг во округот Лангао.Надзорните камери го снимиле моментот кога една жена излегла во дворот да ја испита бучавата, по што дива свиња ја соборила и ја усмртила.
The footage shows a wild #boar breaking into a home in #Shaanxi Province, repeatedly attacking an elderly resident. Tragically, the victim succumbed to injuries despite rescue efforts. Authorities are investigating and tracking the #animal. pic.twitter.com/h00LQqQh81— Shanghai Daily (@shanghaidaily) November 25, 2024
Според анонимен извор од селото Хуангсинг, каде што живеела жената, свињата ја бркале ловечки кучиња во близина на куќата на несреќната жена. Локалните власти во понеделникот соопштија дека полицијата истражува дали дивото животно влегло во куќата случајно или било принудено од ловци.Ова не е прв напад на диви свињи во Анканг во последните години.Управата за шумарство и пасишта ги прогласи окрузите Лангао и Сечуан за пилот области за спречување и контрола на заканите од диви свињи уште во 2021 година.Се ангажираат ловечки тимови за контрола на популацијата на диви свињи и намалување на штетите со помош на ловечки кучиња. Од 2021 година, во регионот се заловени над 1.700 диви свињи, вклучувајќи 113 оваа година, според администрацијата.