четврток, 12 ноември 2026
Најново

Дивеел со возило: Скопјанец осомничен за предизвикување опасност за животот на италијански државјанин

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик против 30-годишен скопјанец.

Тој на 14 ноември на булеварот “Партизански одреди” и околните улици, со општоопасно средство, предизвикал значителна опасност за животот и телото на италијански државјанин. Оштетениот управувал автомобил „Алфа Ромео Тонале“, со италијанска регистарска ознака, во кое била и неговата девојка. Кога се обидел да се престрои во левата коловозна лента, осомничениот, управувајќи возило „Алфа Ромео 147“ со скопски ознаки, ги претекнал со голема брзина, па неколку пати нагло кочел и застанувал. Кога двете возила свртеле во лево на улицата „Франклин Рузвелт“, осомничениот со своето возило правел нагли промени на коловозните ленти, го следел возилото на оштетениот и постојано нагло застанувал пред него, со што предизвикувал сообраќаен хаос.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Оштетениот се обидувал да избегне судар со возилото на осомничениот, но на улицата „Народен фронт“, осомничениот се вратил наназад со голема брзина и го удрил во предниот лев дел од возилото. Кога оштетениот застанал за да повика полиција, осомничениот се приближил со своето возило и фрлил тврд предмет кон нив, извикал нешто неразбирливо и се оддалечил од местото на настанот.

Заради обезбедување присуство на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, а имајќи ја предвид реалната опасност од бегство или од повторување на кривичното дело спрема оштетениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Поврзани вести