Див запад со пиштол ограбиле таксист

Секојденвие во Скопје станаа грабежи ,тепачки и убиства.Вчера во утринските часови двајца разбојници вооружени со пиштол ограбиле таксист и му одзеле 5.500 денари,  во Скопје.
Според полицијата, разбојништвото се случило околу 8 часот, на булеварот Илинден.
Двајцата разбојници се качиле во такси автомобилот „хјунди“ што го управувал Г.Н.(49) од Скопје и побарале такси услуга.
Потоа разбојниците му впериле пиштол и му се заканиле дека ќе пукаат ако не им ги даде парите.
Разбојниците ги зеле парите и избегале. Да видиме што ке преземе полицијата и дали ќе остане на фразата Полицијата ги бара осомничените?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.