Синди Крофорд, една од најпознатите супермодели на сите времиња, продолжува да импресионира со својот изглед. Нејзината мини-диета е идеална за жени над 40 години кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми без да чувствуваат глад.
Синди Крофорд, поранешна членка на познатата супермоделска петорка од деведесеттите години, сè уште изгледа волшебно дури и по наполнувањето на 58 години. Оваа модна икона е позната по својот беспрекорен изглед, а нејзиниот пристап кон слабеењето може да послужи како инспирација за жените над 40 години.
Диета на Синди Крафорд
Мини-диетата на Синди Крафорд нуди ефикасно решение за брзо слабеење, особено за жени над 40 години. Ако барате начин да се ослободите од вишокот килограми, можеби ќе ве интересира диетата што ја користи оваа позната манекенка кога сака да ослабе неколку критични килограми.
Синди се потпира на мини-диети кога сака брзо да ослабе. Оваа диета вклучува 5-6 мали оброци на ден, што помага метаболизмот да остане активен и го спречува забавувањето што може да доведе до акумулација на масти.
Планот за исхрана се базира на рамнотежа од 30 проценти протеини, 40 проценти јаглехидрати и 30 проценти масти.
План за исхрана:
Појадок: пржени јајца, 30 г тврдо сирење и ‘ржан леб
Прва ужина: зелено јаболко, грозје или овошна салата (150 г)
Ручек: риба или пилешко месо (150 г) со зеленчук (замрзнат) и малку ‘ржан леб
Втора ужина: портокал или 30 г сирење
Вечера: варено говедско месо (150 г), зеленчукова салата (100 г) со лажица маслиново масло, варен грав
Пред спиење: чаша јогурт или кефир со ниска масленост
Супите како основен дел од исхраната
Клучниот елемент на оваа диета е нискокалорична супа од зелка, која мора да се консумира пет пати на ден. Се подготвува врз основа на вода, со додавање на зелка, моркови, домати, пиперки, целер, зелен грав, млад кромид и магдонос.
Магдоносот не само што помага во варењето, туку делува и како диуретик. Важно е да се напомене дека супата не смее да содржи компири или зеленчук богат со јаглехидрати.
Заедно со супата, можете да додадете свежо овошје, зеленчук, млеко (до 250 мл еднаш неделно), јогурт (до 150 мл еднаш неделно), кафеав ориз, пилешко или мисиркино месо (до 150 г) и риба на пареа (до 200 г).
Вториот неделен мини-диетален план на Синди Крафорд
Понеделник: Супа, свеж зеленчук (неограничено) и диетален јогуртВторник: Супа, свежо овошје (неограничено) и јогурт со ниска масленостСреда: Супа, свеж зеленчук и овошје (неограничено)Четврток: Супа и варено пилешкоПеток: Супа, варено говедско или телешко месоСабота: Супа, свеж зеленчук (неограничено) и јогурт со ниска масленостНедела: супа, свеж зеленчук и овошје (неограничено)
The post Диетата на Синди Крафорд: За жени над 40 години кои сакаат брзо да ослабат без да гладуваат appeared first on Во Центар.



