Диета од нутриционист специјално направена за чир на желудник, гастритис и други дигестивни проблеми

Оваа диета е наменета за луѓе кои имаат проблеми со желудникот, воспалена слузокожа на желудникот, чир на желудник, дуоденум, ерозивен и хронични гастритис и дуоденитис, рефлуксна болест на хранопроводот (ГЕРБ) и хијатална хернија.
На ваквите п ациенти им се препорачува лесно сварлива храна, без употреба на иритирачки зачини и храна што предизвикува подуеност. Храната мора да биде добро зготвена во сопствениот сок, а доколку е печена треба да се подготви со минимална количина на масло.
Се препорачува поголем внес на јаглехидрати од житни култури како леб, двопек, тестенини, ориз, пчeнкарен гриз, пченица, зеленчук и овошје. Изворот на протеини би требало да биде посно месо со предност на пилешко, мисирка, риба, свежо посно сирење, ферментирани млечни производи со додавање на пробиотици и пребиотици и јајца.
Од масти користете маслиново масло и други растителни масла. Течностите треба да се обезбедат од компоти, супи и билни чаеви. Стар превентивен лек против стомачни заболувања е свежиот сок од зелка. Често се препорачува за да се ослободи од дипепсијата (нервозен стомак) и други проблеми со стомакот.

Пронајдете не на следниве мрежи: