Диета со леб – Ослабете до 10 килограми за половина месец

Зарем постои личност која не сака свежо печен леб? Но, проблемот е што лебот може да биде вистински непријател за вашата линија.
За среќа, научниците од Израел нашле решение и за оние кои не можат да се откажат со лебот. Тие смислиле план за исхрана, кој вклучува и леб, а со кој можете да ослабите и до 10 килограми.
Научниците од Израел, под водство на нутриционистот Олге Рез-Каснер, велат дека редовното внесување на сложени јаглехидрати, како оние од лебот, во комбинација со обезмастено сирење и овошје, го намалува чувството на глад, а со тоа и помага во слабеењето.
Воглавно, оваа диета се состои од две етапи. И во двете етапи е важно да пиете многу вода, односно најмалку 7 чаши дневно.


Можете да пиете и кафе и овошни сокови, но само умерено. Истовремено, добро е за време на диетата да земате калциум и мултивитамини.
Прва етапа
Првата етапа трае една недела. Во овој период, секојдневно консумирајте 7 до 12 мали парчиња леб, или ако сте машко 12 до 16. Можете да јадете секаков вид леб и можете да го намачкате со тенок слој маргарин или малку сирење.


Доколку јадете месо, можете да изедете мало парче риба, шунка или пршута.
Не смеете да го јадете лебот со ништо благо, но можете да го комбинирате со зеленчук без скроб. Можете да изедете и три јајца неделно, а секој ден треба да внесете и 200 грама кисело млеко.
Три пати неделно треба да јадете риба или месо со динстуван зеленчук. Кога јадете и зеленчук, намалете го внесот на леб. Односно, јадете по 4 парчиња дневно.
Секој ден изедете и по една јаболка, а оброците јадете ги на секои 3 часа.


Втора етапа
И втората етапа трае една недела, а овој период лебот можете да го замените со една шолја тестенини или мешунки. Можете да јадете и готвени овесни снегулки, хељда, ориз и компир.
Внесот на зеленчук е неограничен, а и оваа недела треба да изедете 200 грама кисело млеко во денот.
Два пати неделно е дозволено консумирање риба или бело пилешко месо, а треба да јадете на секои 3 или 4 часа.
Целта на втората етапа е да ја задржите тежината што сте ја постигнале во првата недела.
Диетата може да се држи неограничено, а додека ја држите, не заборавајте да се консултирате и со вашиот лекар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.