Диета со јагоди, вкусна и ефикасна

Оваа диета може да ги воодушеви сите љубители на ова нискокалорично овошје. Доколку се придржувате до неа за една седмица може да „стопите“ два до три килограми.
Во 100 г јагоди има само 30-на калории, па затоа во оваа диета јагодите се вклучуваат во секој оброк. Самата диета гарантира доволно енергија во текот на денот и едноставна загуба на килограмите.
Препорака е денот да се започне со 300 г јагоди за појадок, а истата количина се консумира и за десерт по ручекот. Меѓуоброкот исто така вклучува чинија јагоди, а за вечера се препорачува 500 г јагоди и јогурт со ниска масленост пред спиење.
Освен јагоди од овошје е дозволено и половина банана на ден.
Еве како изгледа дневното мени на оваа диета?
Појадок – кафе или чај со половина лажичка кафен шеќер (или вештачки засладувач), 350 г јагоди и 50-г (парче) посно сирење.
Меѓуоброк – мал сендвич кој вклучува интегрално парче леб, посно сирење и парче пилешко.
Ручек – бистра супа од зеленчук, салата од зеленчук со лимонов сок и 1 лажичка маслиново масло, 350 г јагоди и чаша бело вино.
Меѓуоброк – 350 г јагоди со лажичка кафен шеќер.
Вечера – 500 г јагоди, тофу-сирење и чаша немасен јогурт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.