четврток, 12 ноември 2026
Најново

Диететичарката вели дека со методот за слабеење 90-30-50 ќе имате видливи резултати до Божиќ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

До Божиќ нè дели еден месеци и можеби вам се чини бесмислено да започнете сега со диета. Но, доколку ја орапате диететичарката Кортни Касис, постои лесен начин да изгубите неколку килограми без да се ограничувате.

„Доколку започнете сега, ќе ги видите резултатите до Божиќ“, порачала таа на „ТикТок“, каде објаснила што се крие зад методот кој го нарекла 90-30-50.

„Техниката вклучува дневен внес од 90 грама протеини, 30 грама влакна и 50 грама здрави масти“, зборувала таа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Кортни редовно ја рекламирала оваа метода за која тврди дека ѝ помогнала да изгуби 7 килограми за два месеци. Посочува и дека не ги вратила килограмите.
„Овие хранливи материи делуваат на забрзување на метаболизмот, го поддржуваат процесот на согорување маснотии, го балансираат шеќерот во крвта и ја зголемуваат мускулната маса“, додала таа.

Важно е да се напомни дека овој метод не го ограничува внесот на храна. Напротив, диететичарката вели дека ќе јадете повеќе како би ги достигнале препорачаните количини на протеини, влакна и здрави масти.

Поврзани вести