Дизајнерите избраа 3 модни додатоци што ќе доминираат во текот на 2020 година

На прашањето што ќе биде актуелно оваа година, Ана Винтур веќе има подготвено одговор и нејзе треба да ѝ се верува затоа што таа има увид во она што се случува на модната сцена многу долго пред тоа да се најде пред очите на јавноста. Следува сезона во која ќе доминираат женствени додатоци, префинетиот изглед и елеганцијата ќе бидат повторно во тренд, а овие три модни додатоци често ќе ги гледате на улиците.
1. Плетени чанти


Овој модел на чанта што го гледавте на плажите, сега се сели на улиците, така што ќе биде сосема нормално и во тренд ако го вклопите во деловниот аутфит. Овој неочекуван моден додаток ќе изгледа одлично ако е комбиниран на вистински начин. Во продажба ќе ги има сите форми и големини.
2. Чанта во облик на вреќичка


Дизајнерите избраа 3 модни додатоци што ќе доминираат во текот на 2020 година
Мини верзиите на овие чанти ќе владеат на модната сцена и веќе можете да ги видите на улиците. Со нив, секоја комбинација ќе изгледа посимпатично.
3. Бисери


Женствениот изглед е повторно во тренд, поради што бисерите се неизоставен моден додаток. Ѓердани, белезици и додатоци на облеката – бисерите ќе ги има насекаде.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.