четврток, 12 ноември 2026
Најново

Димитриеска-Кочоска: Нема место за паника, нафтени деривати има доволно – инспекторите се на терен

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска упати апел до граѓаните да не подлегнуваат на вештачки создадени кризи. Таа потврди дека по вчерашниот состанок со сите нафтени компании во земјава, констатирано е дека залихи има и снабдувањето е апсолутно стабилно.

За да се спречат злоупотреби и вештачки поскапувања, Државниот пазарен инспекторат веќе посетил над 100 бензински пумпи во само едно деноноќие.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ниту една компанија не пријавила проблем со количините на нафта.

Министерството за финансии има алатки (намалување на акцизата за 1, 2 или 4 денари) доколку цените драстично пораснат.

Регулаторната комисија за енергетика како независно тело ќе ја донесе следната одлука за цените на почетокот на неделата.

Поврзани вести