Димитровска: Остро ги осудуваме последните апсења, ова не е само скандал – ова е удар врз оние што секојдневно се борат за основни човекови права

*Објава на Фејсбук на Бранкица Димитровска

ДОСТА БЕШЕ❗

Како здружение на лица со попреченост Здружение Хендикеп Плус и Јас лично(Бранкица Димитровска), остро ги осудуваме последните случувања со апсењата во комисиите за инвалидска пензија и туѓа нега. Ова не е само скандал – ова е удар врз оние што секојдневно се борат за основни човекови права.

ℹ️Години наназад алармираме за корупција, непотизам и неправди во овие институции. Предупредувавме дека системот е трул, дека достоинството на лицата со попреченост се гази под чизма на алчноста. И сега, кога конечно нешто се презема – се прашуваме: дали ова е вистинска борба против криминал или само предизборен маркетинг за гласови?

ℹ️Ние не сме случајни колатерални штети. Ние сме луѓе со живот, борба и потреби кои не може и не смеат да се купуваат или продаваат. Бараме одговорност, транспарентност и крај на мафијашките игри со нашите животи.

⚠️Доста беше молк. Време е за правда.

Пронајдете не на следниве мрежи: