*Објава на Фејсбук на Војо Димовски, адвокат
Јас не го разбирам ни политичкиот вокабулар ни политичката логика, ама затоа пак правото е мој терен. Она што го изјавува градоначалничката на Скопје е de facto јавна кривична пријава и тоа подразбира итна и незибежна акција од ЈО. Дотолку повеќе што пријавува криминал сторен од службени лица кои ја злопотребиле позицијата, но и службените постапки и тоа го сториле во големи размери (спомнува голем број на нелегални згради).
За Јавниот обвинител треба да е ирелевантен политичкиот наратив на потпретседателот на Владата, дека таа тоа го правела од политички мотиви, како и релативизацијата дека „во секоја општина имало дивоградби, а не само во Чаир“
Неважно е дури и дали е вештица и дали јаде деца за поручек. Важно е само што зборува!
Чекаме реакција од ЈО.
Чекаме, и животот ни помина во чекање!




