Диносаурусите можеби биле изумрени пред повеќе од 65 милиони години, но научниците сугерираат дека тие сè уште би можеле да постојат на други планети.Истражувањето објавено во „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ сугерира дека диносаурусите не само што веројатно се наоѓаат на други планети, туку и дека можеме да ги најдеме, објави Гаридиан.
Студијата сугерира дека ако научниците истражувале соединенија кои моментално не се на Земјата, но кои биле наоколу во времето на диносаурусите, тогаш тоа може да даде некои резултати.
Еден клучен елемент за кој научниците веруваат дека може да го отклучи она што би било револуционерно откритие е кислородот. Нивоата на кислород на Земјата во моментот се околу 21 отсто, но за време на диносаурусите тоа беше повисоко и изнесуваше 30 отсто. Ова, теоретски, им овозможи на диносаурусите да доминиаат и да владеат со планетата милиони години.
Студијата сугерира дека ако може да се откријат слични нивоа на кислород на далечните планети, тогаш условите би можеле да бидат соодветни за постоењена диносаурусите.
Коавторката на студијата, Лиза Калтенегер, рече: „Лесниот отпечаток на модерната Земја беше наш образец за идентификација на потенцијално населиви планети, но имаше време кога овој отпечаток беше уште поизразен – подобар во покажувањето знаци на живот“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.