Мачеј Качоровски, нашиот дипломат и вршител на работи во Амбасадата во Тел Авив е херојот на евакуацијата на нашите државјани од Израел, но освен него во мисијата за спасување на македонските државјани голема улога има Хани Садикарио Тзадок, која е по потекло од Македонија, а која веќе 12 години живее и работи во Ерусалим и работи за Македонската амбасада во оваа држава.

Качоровски кој е вршител на работите во Амбасадата во Тел Авив на својот фејсбук профил изрази огромна благодарност до Хана за напорите кои таа ги вложила во спасувачката мисија на граѓаните кои се најдоа во Израел по започнување на воениот конфликт.
- Мишо Ковач беше погребан покрај својот син Еди, а последното збогување беше одржано во семејниот круг
- Откриен идентитетот: Билјана Кириќ (17) е девојката пронајдена мртва во запалениот автомобил во Богданци, Виктор Гунтаров е обесениот маж
- Уапсен е командантот на Специјалната антитерористичка единица на Министерството за внатрешни работи на Србија, Игор Жмириќ
- Трамп притиснат: Целиот гнев поради поразот во Конгресот ќе го пренасочи кон сојузниците
- (Видео) Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот
- Иран обеси уште двајца млади мажи осудени за смртта на четворица полицајци во Исфахан
- ,,Уставни измени под итно!” – Марта Кос го претстави пакетот за проширување: Додека Црна Гора и Албанија брзаат кон членство, Македонија не е ниту на мапата
- Која е Сара Џукаку, сопругата на Абдул Ел-Сајед, која беше цел на Трамп поради нејзиниот хиџаб?
- Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
„Само да напоменам дека се што успеавме досега да направиме не би било можно без нашата колешка од Амбасадата во Тел Авив, Хана Садикарио Тзадок, која повеќе од 12 години работи за нашата држава и која од самиот почеток во сите изминати денови беше 24/7 вклучена во операцијата на излекување на нашите државјани од Израел, што за разлика од мене мораше да води сметка и за нејзините малолетни деца“, напиша Качоровски на фејсбук нагласувајќи го нејзиниот придонес и енергија и упатувајќи огромна благодарност до Садикарио Тзадок.
Мачеј Качоровски, нашиот дипломат и вршител на работи во Амбасадата во Тел Авив е херојот на евакуацијата на нашите државјани од Израел, напиша претходно министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот профил на Фејсбук.
Според него, Качоровски одиграл клучна улога во извлекувањето на нашите државјани преку различни транспортни рути, неуморно координирајќи го целокупниот процес од почетокот па сѐ до нивното безбедно враќање во Македонија.
Пронајдете не на следниве мрежи:



