Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац денеска повика на „брза елиминација“ на новиот лидер на Хамас, Јахја Синвар, кој на таа позиција го замени убиениот лидер Исмаил Ханије.
„Именувањето на главниот терорист Јахја Синвар за нов лидер на Хамас, кој ќе го замени Исмаил Ханије, е уште една убедлива причина брзо да го елиминираме и да ја избришеме оваа гнасна организација од лицето на Земјата“, рече Кац на мрежата Х, пренесува Тајмс на Израел.
Командантот на Хамас во Појасот Газа, Јахја Синвар денеска беше именуван за политички лидер на милитантната палестинска група, а израелската армија го бара од почетокот на војната во енклавата поради планирање на нападот на 7 октомври.