вторник, 24 ноември 2026
Најново

Директорката која има коронавирус била на свадба кај Љупчо Николовски?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски пред неколку дена правеше свадба. Меѓу гостите беа високи функционери на СДСМ, но и директорката на Кожна клиника за која денес беше потврдено дека е заболена со коронавирус. Директорката на скопската Клиника за кожни болести, Нина Цаца-Биљановска кај која денеска беше потврдено дека е позитивна на коронавирусот викендов била во друштво на пола СДСМ кои беа гости на свадбата кај Николовски.

Меѓу гостите на оваа свадба беа и екс-премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, екс-разузнавачот Верушевски и други бројни високи партиски и владини функционери, меѓу кои и директори поставени од партијата. Меѓу нив и директорката која има коронавирус.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

ИНФОГРАФИК ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ТУКА!!!

Извор: курир

Поврзани вести