Драги наши печалбари,
Сите вие кои сте работеле во странство и сега се соочувате со ретроактивни даночни барања, вие кои сте ги платиле даноците во земјите каде што имате работено и во согласност со договорите и постојните прописи:
Ние сме јасно за РЕД, систем и фискална дисциплина. Но, редот не се воспоставува преку страв, ниту преку решенија доставени 20 дена пред крај на календарската година, и тоа по локални избори, без простор за реакција, подготовка или правна заштита.
Преку нашите претставници во Советот на општина Куманово, ќе инсистираме ова прашање да се отвори за јавна и институционална дискусија. Не како политичко прашање, туку како прашање на добра правна пракса, правда и одговорност на државата кон своите граѓани.
Прашањето овде не е дали законот треба да се почитува – тој мора да се почитува. Прашањето е дали законот се применува праведно, доследно и навремено, и дали граѓаните се одговорни за институционалните пропусти направени претходно.
Затоа, РЕД за Куманово предлага:
1. Итно стопирање на извршувањата и каматите за овие решенија.
2. Флексибилна и правична наплата на рати, според висината на данокот.
3. УЈП, во соработка со МВР, да утврди кој бил резидент над 183 дена, а за тие што не биле, воопшто да не се изготвуваат решенија.
4. Државата јавно да ги објави договорите за избегнување двојно оданочување и да обезбеди службени потврди, наместо товарот да паѓа врз поединци.
Доколку Владата не е во состојба да го стори тоа, тогаш нема да бидат во можност ни граѓаните.
5. Наплатата да започне од следната година, со јасно известување во 2026г., рок за информирање и подготовка, а не ретроактивен шок.
Куманово има премногу семејства кои веќе ги платиле своите долгови – дома и во странство – за да бидат третирани неправедно.
Законот мора да се спроведе.
Но, мора да се спроведе правилно.
И уште нешто: премалку останавме во овој град за да отвараме сеирџиски фронтови.
Диро – Ред за Куманово



